Кој вид на говори треба да ги знае секој лидер?

Многумина мислат дека говорот не е за нив, но ако веќе сте влегле во оваа работа – едноставно, сакале или не вие веќе сте говорник. Затоа, многу е важно уште на самиот почеток да знаете кои видови на говори постојат и уште кои видови на говори треба да ги совладате. Мислам дека не е потребно да споемнам колку е важно да на ова поле го достигнете својот максимум, затоа што начинот на кој комуницираме со нашите соработници е од клучна важност за нашиот успех.
Постојат 4 видови на говори:
1) ИНФОРМАТИВЕН
Овој вид на говорници се одговорни за преносот на информации и многу добро ја извршуваат својата задача. Пример за добар информативен говорник е инструктор во автошкола.
2) МОТИВАЦИСКИ
Мотивациски говорници се оние кои не мотивираат, не тераат на акција. Она што треба да го знаете е дека за 90 дена мотивацијата ќе „исчезне“, и после 60 дена, немојте никако да чекате да поминат оние 90 дена ( секогаш бидете чекор понапред) повторете ја пак.
3) ИНСПИРАТИВНИ
Овој вид на говорници делуваат на вашата душа, Ве потикнуваат внатрешно , едноставно ќе Ве натерат да се анализирате. Во споредба со мотивациското говорништво, инспиративното говорништво е многу потивко. Познати како инспиративно говорници се - Tony Robbins, Deepak Chopra.
4) ТРАНСФОРМАЦИКИ (ТРЕНЕР)
Овие говорници се спремни да Ве држат за рака и заедно со Вас да отидат до Вашите најголеми стравови и недоумици, да Ви помогнат и да Ве вратат назад. Тие се подготвени да во тој момент бидат и помалку популарни и Ве поместат од комфорт зоната. За овој вид на говорници е познато дека не се оптеретуваат со фактот дали во тој момент се сакани или не и е важно да и самите тие се во процесот на трансформација (да имаат сопствен тренер). Трансформациските говорници треба да ги знаат сите 4 видови на говори.
Ако веќе сте ЛИДЕР, морате да бидете добри во информативниот, мотивацискиот и инспиративниот говор. Вие како лидер ќе привлекувате личности кои сакаат да го изградат својот бизнис и личности кои сакаат да бидат инспирирани, и поради тоа треба да бидеме свесни поради што сме привлекле одредени личности. Нашата „светлост“ привлекува различни видови на луѓе, а ние сме тие кои треба да ги разликуваме луѓето кои сакаат можност или луѓето кои сакаат да се лекуваат. Наша работа и одговорност е да ја избереме личноста на која и треба тренинг (менторство) а не терапија. На нас е да препознаеме и да не прифакаме да работиме со личности на кои им треба терапија, без разлика дали ја прифатиле нашата работна понуда, затоа што ја прифатиле од погрешни причини. Тоа е наша работа и одговорност. Ние сме лидери.
Дали оваа информација Ви беше корисна? Напишете во коментарите.
На иконките за друштвените мрежни, споделете ги информациите за да бидат корисни и на некој друг.
















Comments