Како да знаете која Мулти-левел Компанија е добра?

На пазарот постојат различни multi-level компании и нормално е да се запрашате дали компанијата е добра? Факт е дека има полно шеми кои се претставуваат како MLM а во суштина, воопшто не се тоа. Вашата загриженост е со причина и затоа во овој пост ќе Ви ги разјаснам разликите помеѓу квалитетна MLM компанија и оние кои треба да ги прескокнете.
Прва работа која треба да погледнете е каков производ/ услуга има компанијата.
Што е тоа што компанијата им продава односно им пласира на купувачите преку мрежата? Тоа е клучниот дел, затоа што ако компанијата нема производ/услуга кој им го нуди на купувачите, прекокнете ја истата. Ако работата се сведува само на вклучување на други соработници и нивно плаќање на нешто, пресконете ја истата. Клучен фактор е производот/услугата која им се нуди на купувачите.
Втора работа, прескокнете ги компаниите во кои треба да платите чланарина. Поентата е мрежата да се финансира од производи/услуги а не од чланарини кои ќе ги плаќаат соработниците.
Трета работа, која јас лично ја преферирам и ја препорачувам, е дека производите се потрошен материјал/периодични услуги и на тој начин ќе дојдете до изминати услуги. Еднаш градите база на потрошувачи кои континирано купуваат од месец во месец а Вие секогаш кога тие ќе купат производ, добивате провизија. Ако Ви е важен овој сегмент на изминато работење/услуги, те. секогаш да бидете платени за еднаш изработена работа, фокусирајте се на фирма со потрошни производи/ повторувачки услуги.
И четвртата работа која е најважна е менторот. Почнете со тоа кој ќе Ви биде ментор, кој ќе Ве води и ќе Ви помага во оваа работа. Затоа што е залудно ако компанијата е одлична но ја немате личноста која ќе Ве води низ работата и која ќе ве обучува, јасно ќе Ви го покаже Вашиот следен чекор, ќе Ве држи за рака и Ви биде подршка. Тоа е најважно! Да имате ментор кој знае што работи, има резултати позади себе и со помош на своите совети и знаење Ве однесе до истиот успех кој го постигнал тој/таа. Значи, најважен е менторот, затоа што и во некои просечни MLM компании луѓето можат да направат одлични резултати ако имаат одличен ментор.
Значи, одберете компанија која е долги низ години на пазарот и одберете одличен ментор.
Дали оваа информација Ви беше корисна? Напишете во коментарите.
На иконките за друштвените мрежни, споделете ги информациите за да бидат корисни и на некој друг.
















Comments