Предности и негативности на мрежниот маркетинг

Во пред последниот пост разјаснивме што е мрежен маркетинг. Факт е дека тоа е еден квалитетен и едноставен систем и кој може да го работи секој. Но дали е за секој? Апсолутно не. Дали некој Ве запознал со негативностите на работа во овој систем? Ако не е, продолжете да го читате постот и дознајте кои се предностите а кои се негативностите на мрежниот маркетинг.
Доколку сакате да почнете сопствен бизнис, да дојдете до комбинација на пари и време, да работите за себе, да немате шефови и да бидете креатори на сопствената судбина - тогаш мулти-левелот е одлична опција за Вас. Во мулти-левелот можете да почнете сопствен бизнис без исполнување на некакви посебни услови и исто така без некои големи инвестиции, кои обично се бараат кога сакате да почнете свој сопствен бизнис.
Иако ова е одлична и едноставна опција на работа која може секој да ја искористи, факт е дека оваа работа не е за секого.
Предности на мрежниот маркетинг:
Можете да изградите сопствен бизнис без големи инвестиции.
Вие сте тие кои ќе дефинирате кога ќе работите а кога не (комбинација на време и пари ).
Сами си одлучувате и сами ќе дефинирате колку големи приходи сакате (екстра приходи или додатни приходи).
Постојат компании каде можете својот онлајн бизнис да го оставете во наследство (опцијата на изминато работење ).
Менторство, односно во оваа работа е добро што можете да имате добар ментор, кој ке Ве води низ работата и ќе нема потреба сами да ги правите истите грешки кои некој друг ги правел.
Нема посебни услови за да ја работите оваа работа, значи нема старосна граница, искуство, да сте завршиле бизнис училиште. Сите се на иста почетна позиција и сите ги имаат истите можности и зависи кој како ќе ги искористи.
Негативности на мрежниот маркетинг:
Мрежниот маркетинг кај нас има негативна конотација, но со право, затоа што факт е дека на пазарот постојат секакви работи, некои ветуваат заработка за кратко време, за неколку месеци и луѓето се разочарани и со право, а сето такво што се нуди тоа не е мрежен маркетинг.
Поврзано со првото, треба многу да учите за да ја работите оваа работа. Никој не се родил научен, па така ни да ја работи оваа работа и затоа треба да учи за да научи да ја работи.
Мора да одвоете време, ништо нема да се случи преку ноќ.Ова е долгорочна работа и ако сакате озбилни а не ситни приходи кои можете да ги заработите во рок од неколку месеци, сакате финансиска слобода, тогаш е потребно многу време.
Морате да бидете спремни на промени. Промена на размислување, рутина, навики итд.
Во целиот овој процес морате да жртвувате некои работи (време, дружба со пријателите, гледање филмови пред спиење итд).
Додека не почнете да се однесувате према оваа работа како работа никогаш нема да имате успех. Се додека мислите дека ќе можете оваа работа да ја работите како хоби нема да имате успех. Значи однесувајте се према оваа работа како према секој работа, а тоа е озбилно и професионално.
И како последно, негативност е исто како и предноста...менторот. Ако немате добар ментор, нема да имате успех. Менторот е најважен за вашиот успех, тој е тој кој ве води и Ви дава подршка во оваа работа.
Дали оваа информација Ви беше корисна? Напишете во коментарите.
На иконките за друштвените мрежни, споделете ги информациите за да им бидат корисни и на некој друг.
















Comments