
Неколку зборови за мене
Здраво на сите и да се претставам, јас сум Даниела Филипова Рамљак.
Можеби некои ме знаат лично, некои не, а тоа во овој момент воопшто не е важно. Важно е да знаете дека сум мажена, живеам на релација на две држави, работам како професионален маркетинг нетворкер, градам успешен бизнис во маркетингот, работам за себе, златен тим лидер и им помагам на другите да го постигнат истиот успех.
Она што не знаете за мене а сега ќе Ви кажам е дека од секогаш не е било така.
Секој во животот има успони и падови, така и јас. 10 гоини работев како конфекциски техничар, 5 години работев како админстративен работник во компанија која произведува мебел. Се омажив и се преселив во Холандија каде живеев 11 години.
Англискиот јазик го знам перфектно, но за почеток, додека го учев холандскиот јазик, работев неколку работи. Од кога го совладав јазикот, се запослив како шалтерски работник во голема болница и работев цели 5 години.
Сум слушнала многу ,,не ,, во животот, сум чекала викенди за да се одморам, годишни одмори за да одам на летување, сум посакувала да бидам свој газда и сама да одлучувам кога ќе одмарам а кога ке работам.Мислев дека никогаш нема да го постигнам тоа, но нели, никогаш не вели никогаш.
Пред две години со сопругот се вративме на балканот, велам балканот, затоа што мојот сопруг е со хрватско потеколо и сега живееме на релација БиХ - Македонија.
Од како се вративме на балканот, знаев дека не можам да се вработам никаде поради начинот на живеење (постојаното патување ), а јас сум работохолик и неможам да не работам ништо и одлучив дека е време да почнам да размислувам за работа од дома.
И по кратко барање и читање на интернет, што и како е најдобро да почнете да работите на интернет, најдов.
Од тој ден се промени мојот живот!
Желбата да отворам своја фирма, да бидам сам свој газда, сама да одлучувам за многу работи, ми се исполни. На нашите простори е многу тешко да отвориш своја фирма, посебно поради тоа што приватниците немаат помош и подршка од системот во државата.
Уште на самиот почеток сватив дека ова е идеално за мене, работам од каде сакам и колку сакам.Сватив дека овој систем на работа е мојата прилика за сопствен бизнис, можност да работам за себе, со мала инвестиција и се разбира упорност и работа си обезбедам убав живот.
Успеав во својата намера. Изградив прекрасен живот, работам од каде сакам и кога сакам и сега мојата мисија е да им помогнам на другите да го остварат истото (се разбира на оние кои само сакаат таков вид на промена).
Сакам со своето знаење и искуство да им помогнам и на другите да успеат, да почнат да живеат како вистински заслужуваат, затоа што мрежниот маркетинг е тоа, помогни им на другите да успеат и заработат додека успеваш и заработуваш и самиот.
Доколку сакате ваква промена и сакате да успеете, наместо да ,,копате,, по интернет со саати, проучувате стотици саати предавања на успешни маркетари за да дојдете до успешна стратегија, регистрирајте се во мојот успешен тим и веднаш имате пристап до ,,прочистени,, информации, стратегии и тактики кои мене ми донесоа успех.