Како да ги препознаете своите идни лидери и за кои да го одвоете своето време?

Во предходните постови прочитавте дека е подобро оваа работа да не ја нудиме на секој но само на своите тн. аватари. Работејки на тој начин, во својот тим ќе имате повеќе квалитетни лидери. Разликата помеѓу оние на кои во оваа работа им е „ОК“ и оние кои се мега успешни е во тоа што оние првите работат една те иста работа а оние другите градат ЛИДЕРИ.
Изградбата на сериозен бизнис во мрежниот маркетинг всушност значи изградба на Лидери. Лидерите можат да бидат лидери и кога ќе дојдат во вашиот тим или да го вложите своето време во нивна изградба. Најголемата грешка која можете да ја направите е своето време и менторство да го вложите во погрешната личност мислејки дека се потенцијален лидер.
За да не Ви се случи тоа, еве како најлесно ќе ја препознаете личноста која вистински го заслужува Вашето време и менторство.
Направете едноставен тест, уште на самиот почеток прашајте ја личноста: „Како се осеќате во врска со оваа работа?“
1) Ако Ви одговорат ,,ќе пробам'' - тоа е најслабата форма на посветеност
2) Ако Ви одговорат „ќе го дадам својот максимум“ – ова е сепак подобар одговор, повеќето најдобри дистрибутери го даваат овој одговор, но факт е дека оваа изјава не е доволна да 6 месеци менторирате некој, му го пренесувате своето знаење и сакате да изградите лидер.
3) Ако Ви одговорат „ќе направам се што е потребно да успеам“ – тоа е реченица која можат да ја изговорат само потенцијални лидери. Ваквата одлука и посветеност го заслужува Вашето време и енергија, бидеејки со изговарањето на оваа реченица тие всушност Ви кажуваат дека успехот зависи само од нив и од нивната посветеност, дека се спемни да ги следат сите упатства на својот ментор или спонзор за да стигнат до зацртаната цел.
Кога во мрежниот маркетинг ќе се фокусирате на изградба на лидери, а не на изработка на своите важни дневни активности, Вашата работа и живот потполно ќе се променат.
Дали оваа информација Ви беше корисна? Напишете во коментарите.
На иконките за друштвените мрежни, споделете ги информациите за да бидат корисни и на некој друг.
















Comments