top of page

Што е мрежен маркетинг?

Oct 20, 2016
3 min read

Им препорачувате ли на некој од вашите пријатели да погледнат некој добар филм? Некоја добра книга? Им кажувате ли на Вашите пријатели кога ке Ве прашаат каде сте ги купиле тие добри кондури, каде сте ја купиле таа добра јакна, и ги праќате да отидат од таму да си купат? Им зборувате ли за некој одличен производ кој Ве воодушевил? Да, се разбира дека сите зборуваме и им кажуваме. Тоа е нешто најнормално и најприродно што го правиме во животот. Сите зборуваме за тоа од што сме задоволни и нормално усте повеќе од тоа од што не сме задоволни.

Точно тоа е мрежен маркетинг, лични препораки на производ или услуга од која сме задоволни.

За разлика од препораките кои ги правиме а за кои не сме платени (Бе плаќа ли Вашиот фризер кога ќе му пратите нов клиент?), во мрежниот маркетинг сте платени за одредени препораки на производ или услуга која ја користите.

Мрежниот маркетинг е работа на иднината. Зошто мислам така?

Се повеќе и повеќе сме скептични према рекламите и идеалните производи кои имаат идеални преформаси во рекламите и тогаш се случува да се разочараме при нивното реално (не)дејствување. Сите сме свесни за употребата на технологијата во рекламирањето и самите сме скептични дали тој производ е навистина добар како што ни тврдат или е користена технологија за да се разубават резултатите од производот. Поради тие причини, сите сме повеќе склони да им поверуваме на нашите блиски или пријатели при некоја препорака на некој производ, затоа што добиваме информации од личности на кои им веруваме, од личности кои стојат позади тоа што ни го препорачале.

Многу денешни милионери, кога ги прашуваат што би отвориле ако почнуваат свој сопствен бизнис, одговараат дека не би отвориле сопствена фирма, туку би одбрале некоја добра мултилевел компанија ( другото име за мрежниот маркетинг). Некои од тие личности се Robert Kiyosaki, Bill Gates, Donald Trump.

Еве неколку цитати од финансискиот гуру Robert Kiyosaki од неговата книга Бизнис Училиште на 21 век:

“На големо ја подржувам индустријата на мрежниот маркетинг, затоа што многу од овие компании во индустријата се всушност бизнис училишта по мерка на човекот, а не бизнис училиштата кои земаат паметни деца и ѓи претвараат во работници на богаташите. Многу компании во мрежниот маркетинг се всушност бизнис училишта кои ги учат луѓето на правите вредности кои не можат да се научат во традиционалните бизнис училишта, вредости како што се фактот дека најдобар начин да се постане богат е да ги научиш и другите како да водат бизнис, наместо да ги учиш да бидат лојални работници кои работат кај богаташите”.

“...Главна причина поради која ја подржувам индустријата на мрежниот маркетинг е затоа што нивниот систем е многу по фер и попоштен од предходните системи за стекнување на богатство”.

“...По мое мислење, овој нов облик на бизнис, бизнис на мрежниот маркетинг, е револуционерен единствено затоа што, по прв пат во историјата им овозможува на сите да учествуваат во богатството, кое до сега беше резервирано само за одредени и среќни. Свесен сум дека постојат одредени контраверзии према овој нов облик на бизнис и дека во него имало и некои алчни и покварени луѓе кои пробале на брз начин да се збогатат.Но, ако објективно го гледате овој облик на бизнис, тој во друштвена смисла е многу одговорен систем на поделба на богатство. Бизнисот на мрежниот маркетинг не е бизнис за алчните луѓе. Во суштина, тој е совршен бизнис за луѓе кои се спремни и сакаат да помогнат на другите.Со други зборови, Мрежниот маркетниг функционира низ помагање на некој друг да се збогати, додека се богатите и Вие.”

Иако мулти-левел системот е одличен, но и тој има предности и негативности, па секако прочитајте го и постот на темата "Предности и негативности на мрежниот маркетинг" и постот "Како да знаете која мулти-левел компанија е добра".

Дали оваа информација Ви беше корисна? Напишете во коментарите.

На иконките за друштвените мрежни, споделете ги информациите , за да бидат корисни и на некој друг.

 
 
 

Comments


Најнови постови

© 2023 by Kathy Schulders. Proudly created with Wix.com 

  • Grey Twitter Icon
bottom of page