Што не треба да правите за успешно да ја рекламирате Вашата работа на Facebook !

Сте слушнале дека е важно и добро да се работи на интернет.
Тоа е сега "ин'' , сите го работат па одлучивте и Вие. Но некако и немате добри резултати. Сте приметиле дека малку од пријателите ве следат и многу малку ги лајкуваат Вашите објави.
Како да го сменете тоа и како да постигнете како тие да Ви се јавуваат со прашања од видот што е тоа што работите?
Кога работите на Facebook, важно е да запомнете две работи: да го намалете отпорот и да ја зголемете заинтересираноста. Што значи ,,да го намалите отпорот''?
Да го намалите отпорот значи да не ги иритирате,да не ги одбивате луѓето со Вашите објави, но да им биде интересно она што ќе го прочитаат на Вашиот зид. Како ќе знаете дали го намалувате отпорот кај пријателите?
Прва работа која треба да ја направите е да погледнете какви објави поставувате. Постојано ли објавувате нешто за компанијата или производите/услугите? Дали Вашиот профил изгледа како еден бесконечен долг рекламен панел? Досадно а? Немојте повеќе да го правите тоа.
За да разберете зошто не треба да го правите тоа, еве една споредба. Го гледате својот омилен ТВ канал. Гледате и почне реклама, па друга реклама, па трета реклама, па четврта реклама и така неколку минути па и саати. Продолжувати ли да гледате? Сигурно не. Што правите? Го менувате каналот и барате нешто друго за гледање. Иста работа и со Вашиот зид. Доколку на Вашиот зид е реклама за реклама, без обзир колку Ви е тоа Вам интересно, Вашите пријатели не дошле на Facebook да гледаат и читаат реклами. И што прават??? Кликаат на "unfollow" и прекинуваат со следење или едноставно Ве бришат од пријатели.
За да не Ви се случи тоа, треба да бидете интересни и да им ја зголемете заинтересираноста и желбата да се запрашаат што е тоа што Вие работите. И сега се прашувате како да го направите тоа. Вака :
На својот приватен профил најпрво треба да го промовирате или рекламирате Вашиот животен стил или Life stile. Односно треба да ги рекламирате работите кои другите ги немаат, работи кои другите ги посакуваат а во овој момент неможат да ги имаат. На пример: патувања, кафе во 11 наутро, кога знаете дека повекето од Вашите пријатели се на работа, некакви забави, кратки екскурзии итн...поентата е да направете заинтересираност и желба кај пријателите и оние кои ве следат, за да Ви се јават и ве прашаат, па чекај, со што се занимаваш или што работиш па вака уживаш? Каква работа ти е тоа?
Ми се има случено неколку пати да ме прашаат...што работиш ти, се врати од Холандија, само патуваш, шеташ, пиеш кафиња од 11-13 часот, каква ти е тоа работа што работиш? Е, тука е трикот. Добро е кога некој ќе Ви го постави тоа прашање и сега Вие имате прилака да им објасните. Но, немојте веднаш да почнете со презентација, маркетинг план, или објаснувања на големо. Нееее. Прашајте ги, чекај зошто тоа тебе те интересира, јас мислев дека тебе ти е добро таму каде што си сега. Немојте да бидете лесни на објаснувања, поставете им Вие неколку прашања за да видите што е тоа што им смета и што би сакале да сменат во животот.
Значи, подигнете го нивото на заинтересираност кај пријателите или оние што Ве следат, ќе имате многу подобри резултати.
Рекламирајте ја и работата, без тоа нема ни да знаат дека работите онлине, бидете горди и рекламирајте го тимот, но со мерка, или отворете си деловни профили каде ќе ја рекламирате само работата а приватниот оставете го по страна и овде рекламирајте го Вашиот животен стил.
Дали оваа информација Ви беше корисна? Напишете во коментарите.
На иконките за друштвените мрежни, споделете ги информациите за да бидат корисни и на некој друг.
















Comments